Неофицијалната статистика вели дека приближно еден од 10 илјади Македонци е монах. Се смета дека во земјата има речиси 200 монаси што живеат во братства и сестринства.
Најмногу монаси има во струмичката и во дебарско-кичевската епархија. Манастирот во Велјуса и во Хамзали, Струмичко, се полни, а постојано се јавуваат нови искушеници. Во Бигорскиот манастир, Дебарско, има над дваесет монаси, а во манастирот во Рајчица живеат 12 монахињи.
Најмалку монаси, пак, има во сега поделената епархија на починатиот владика Кирил, полошко-кумановската. Во Лешочкиот манастир живее само еден монах, исто како и во манастирот Трескавец, Прилепско. Во голем дел од манастирите живеат по три-четири монахињи, како манастирите на Матка и во Љубанци, Скопско.
Во Осоговскиот манастир веќе неколку години нема ниту еден монах. Последната монахиња починала пред три-четири години, а оттогаш никој од монасите не изразил желба да ги насели конаците. Таа епархија сега му припаѓа на кумановскиот владика г. Јосиф, чиј приоритет е да го обнови монаштвото во овој храм, што ќе значи и обнова на верскиот живот во овој дел од земјата. Целта на Македонската православна црква е да го обнови монаштвото и во другите манастири, што ќе придонесе за ширење и сведочење на верата, најмногу преку редовниот богослужбен круг во манастирите.
Денес, неофицијалната статистика вели дека приближно еден од 10 илјади Македонци е монах. Се смета дека во Македонија има речиси 200 монаси што живеат во братства и сестринства.
Познато е дека монасите се занимаваат со производство на прехранбени продукти, како мед и слатко, некои произведуваат и ракија, а има и такви што се посветени на уметноста, па прават мозаици и изработуваат фрески и икони.
Повеќе во Нова Македонија