Камион „Сканија“ со српски регистерски таблички синоќа се превртел на излезот од Скопје, во близина на слободната економска зона „Бунарџик“. Несреќата се случила во 2:30 часот синоќа а во несреќата полесно се повредени возачот и совозачот. И двајцата се вон животна опасност. Камионот превезувал домати за извоз. Полицијата врши убид на местото на несреќата.