Се преврте комбе во гостиварско, повредени деца


Патничко комбе во кое се превезувале и ученици излетало од локалниот пат за гостиварското село Падалиште, дознава КУРИР.soobrakjajka sudir

Според првичните информации, возачот на комбето од засега неутврдени причини изгубил контрола по што возилото излетало од патот и се превртело.

Повредените се пренесени во болница, но засега нема информации за нивниот број и карактерот на повредите.

Од СВР Тетово за КУРИР ја потврдуваат несреќата, но со повеќе детали ќе излезат подоцна во текот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1