Се преврте шлепер – патот Охрид-Кичево затворен за сообраќај


АМСМ соопшти дека пред почетокот на превојот „Пресека“ има превртено товарно моторно возило.Патниот правец Охрид-Кичево од 19:30 часот е затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода.

kamion-soob2Сообраќајот на другите магистрални и регионални патни правци се одвива претежно по суви и чисти коловози.

Појава на магла имаше на патниот правец Гостивар-Кичево, а наместа видливоста е на 60 до 70 метри.

Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места и мостовите. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1