Ниту Viber ниту WatsApp повеќе не се сигурен начин за комуникација во Србија затоа што пред десетина дена српските безбедносни служби добиле хакерска програма со кој може да се следи комуникацијата на овие два програми, пишува денеска српски „Курир“.
Информацијата за припадниците на овие програми брзо протече, па припадниците на Безбедносно известувачката агенција на Србија, војните служби за безбедност, високите функционери на српското МВР, како и голем број други политчари почнале да ја користат програмата „Какако“ како безбеден начин за комуникација.
-БИА неодамна купи хакерска програма произведена во Франција, која чини неспоредливо помалку од официјалната лиценца за надзор на интернет комуникацијата на Viber и на WhatsApp. Со помош на оваа програма, но и со професионалните работници во безбедносните служби достапни се пораките, фотографиите и сите податоци кои што се испратени преку овие две програми, наведува неименуван извор за „Курир“.
Според неговите зборови програмата за хакирање бил купен на црно, а кога информацијата протекла, припадниците на безбедносните служби ја инсталирале новата програма – Какао.