Славија ги продава деловните простории. Во неколку пакети на правните и физичките лица ќе им се понудат 30 простории.
Првиот оглас е веќе распишан. Се нудат десетина продавници, супермаркет и магацински простор на повеќе локации, како Аеродром, Гази Баба, Чаир, Јурумлери и Маврово.
Вкупната вредноста на објектите кои се нудат на електронско јавно наддавање е околу 1,4 милиони евра.
Во следните пакети покрај продажниот и магациснкиот простор ќе се понуди и управната зграда на Славија. Некогашниот трговскиот ланец кој пропадна во транзицијата денес е во сопственост на Агенцијата за конфискување имот. Вкупната вредност на имотот на компанијата е проценета на 25 милиони евра.
Државата неодамна почна со продажба на 1000 деловни простории во нејзина сопственост. За првиот пакет, од 100 простории лоцирани во 19 градови, огласот истекува во петок.
Sitel