Поради технички проблеми и отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и сметководителите дека рокот од 25 октомври 2017 година за поднесување на ДДВ-04 пријавата ќе биде продолжен.
Во соопштението наведуваат дека во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите, Управата за јавни приходи дополнително ќе информира за достапноста на системот е-Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата