Се прска ама џабе пак ги има – КОМАРЦИТЕ СТАНУВААТ ОТПОРНИ НА ПРСКАЊЕТО


Изминативе неколку месеци граѓаните сѐ повеќе се жалат на убоди од комарци. Велат дека никакви средства не ги уништуваат. За ова сведочат и вработените во аптеките, каде што, како што велат, сѐ повеќе граѓани бараат средства против алергии од убоди од комарци

320387_komarci-02-ifas.ufl.edu_ffРастворот со кој се прска против комарци треба да се менува на секои три-четири години, предупредуваат експертите, оти, како што велат, по некое време комарците стануваат отпорни на растворот и тој нема никакво влијание врз нив. Изминативе неколку месеци граѓаните сѐ повеќе се жалат на убоди од комарци. Велат дека никакви средства не ги уништуваат. За ова сведочат и вработените во аптеките, каде што, како што велат, се повеќе граѓани бараат средства против алергии од убоди од комарци.

Според експертите, средствата за прскање може да се причината поради која, и покрај честото прскање, не се уништуваат.

Врнежливо време и температура од над 20 Целзиусови степени се најпогодни за размножување и за преживување на комарците.

Етимолозите велат дека треба да се направи студија за комарците за да се знае со каков раствор се прска и во кое време, затоа што, како што вели тој, попусто се прска против комарци ако во тој период тие се ларви.

Растворот со кој се прска може да е штетен за дрвјата и за плодовите, затоа, како што вели, треба да се прска со раствори што не се штетни за природата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1