За време на посетата на Израел, американскиот лидер Барак Обама имаше непријатен настан кога претседателската лимузина се расипа. Како што соопшти Тајната служба, која се грижи за неговото обезбедување, се случил механички дефект, а автомобилот не е во возна состојба.
Израелските новинари пак од Канал 2 телевизија јавија дека до дефект дошло откако резервоарот бил наполнет со дизел гориво наместо со обичен бензин.
Телевизијата прикажала и како влечната служба го одвезува возилото, додека нов блиндиран автомобил е довезен со авион. Во колоната возила, во која се наоѓа претседателот на САД, секогаш има две исти претседателски лимузини, и никогаш не се знае во која Обама се наоѓа.
Фактор/ РТ