Минатиот септември Британката Џема Холмс возејќи скутер доживеала тешка сообраќајна незгода, кога удрила во паркирано возило. Од јачината на ударот, таа прелетала преку улицата и удрила во бандера. Џема имала голема повреда на рбетот, а лекарите и давале мали шанси за да преживее
По три месеци во кома, таа се разбудила, но и дознала дека е во четвртиот месец од бременоста. Меѓутоа, тука приказната не се завршува, затоа што Џема доживеала амнезија како последица на несреќата, па не знае кој е татко на детето.
-Бев во шок- истакна таа.
Иако лекарите ја предупредиле на опасноста за бременоста во нејзината состојба, таа решила да го задржи детето.
-Помислив, ако ова бебе успеало да ја преживее таа несреќа, тогаш судено му е да постои- додава Џема.
Во мај, на свет донела здраво машко бебе, Рубен Мирикл Холмс.
-Не можев да престанам да плачам кога прв пат го видов, затоа што тоа е моето бебе чудо. Бев среќна што го видов, по се што поминавме- нагласи таа.
За неколку месеци таа ќе помине низ брутална хируршка процедура- докторите ќе мораат да го кршат нејзиниот рбет, и да постават метални плочки кои ќе и овозможат за две години да прооди.
-Рубен е најдобрата работа која ми се случила. Можеби не се сеќавам како сум го добила, но затоа го имаме остатокот од животот за тоа да го надополниме- вели пресреќната мајка.
Nova Makedonija