Се разведува од милионер – донел друга жена, му бара оштета 4 милиони и дел од богаството


Поранешниот супермодел Кристина Естрада (52) поднела барање за развод од саудискиот милионер Валид Јуфали (60) од кого бара оштета од четири милиони долари, откако тој бил маѓепсан од бејрутската убавица Лујен Адада (25).

Тој набрзо започнал и романса со неа, за веднаш потоа да ја побара и за жена.

manekenka kristen milijarder

Покрај оштета, Естрада бара и дел од богатството на кое таа поседува одредени права, а тоа подразбира различни имоти и вили во вредност од околу 60 милиони фунти.

Таа поднела барање за развод во истиот ден кога Јуфали се оженил со Адада иако исламските закони му дозволуваат тој да има четири сопруги. Естрада не сакала да премине преку ова и својот сопруг да го дели со значајно помлада девојка, а како капак на сè, неговата нова сопруга секојдневно се фалела на Instagram мрежата покажувајќи ги сите подароци кои што ги добива од својот сопруг.

Еден од таквите подароци е и овој розов Bentley чија вредност се проценува на околу 135.000 фунти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1