Се разведуваат Бред Пит и Анџелина Џоли?


Американските весници ја пренесуваат веста за разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли после десет години врска и помалку од една година во брак.

Наводно проблемите настанале после венчавката, а во последните месеци, односот помеѓу нив дополнително се влошил.brad-pitt-and-angelina-jolie

Весниците пренесуваат дека парот веста за разводот ќе ја објави до крајот на оваа година. Причината за чекањето за објавување на веста е промоцијата на нивниот заеднички филм, “By The Sea“, на чие снимање започнале брачните проблеми.

Освен тоа сметаат дека можат да добијат некои награди за филм кој таа го режирала, а во тој и двајцата глумат.

– Тоа е филм кој на Анџелина многу и значи. Го молеше Бред да остане со неа додека филмот не стане хит. Тој се согласи, рекол непознат извор.

Тој тврдел дека разводот го иницирал Бред.

– Тој е оној кој бараше крај. И кажа на Анџелина дека се готови. Несреќен е и сака да излезе до таквиот брак, тврди изворот.

Наводно за се пресудиле особините на Анџелина, кои на почетокот на врската најмногу ги сакал.

– Тврди дека го контролирала уште од првиот ден од врската. Иако уште на почетокот му се допаѓаше што ја превзеде контролата, почна да и замерува за моќта која ја има над нив, тврди изворот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1