Се разведуваат Мелани Грифит и Антониo Бандерас – по 18 год брак


Холивудската актерска двојка Мелани Грифит и Антониo Бандерас решиле да се разведат по 18 години минати во брак, пишува во петокот интернет таблоидот TMZ, кој важи за извонредно добро информиран за деталите од животот на славните личности.

Antonio-Banderas-Melanie-Griffith-June-2014-BellaNaijacom-600x364Според извори блиски на двојката, иницијатор на разводот била 56-годишната Мелани Грифит, која во документите поднесени на суд како причина ги навела „ненадминливите разлики”. Актерката, исто така, бара од судот да ѝ биде доделено старателството над 17-годипшната ќерка Стела, и очекува алиментација од 53-годишниот Антонио Бандерас.

Според порталот, одлуката за разидување била заемна. Двојката официјално не ја потврди информацијата за разводот. За Бандерас ова беше втор, а за Грифит четврти брак.

Шпекулациите за затегнатите односи меѓу сопружниците се појавија во Холивуд минатата 2013 година, наводно поради љубомората на Грифит. Медиумите истакнуваа дека во последно време главните семејни празници и одморите двојката ги дочекувала раздвоено

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1