Ворен Бити не можел да прифати што нивната ќерка Кетлин станала машко, Стефан, и од 2010 прима хормонска терапија.
– Ворен не ја разбира трансродноста и тоа создаде јаз во бракот. Иако тие уште се сакаат, нивните пријатели мислат дека следниот чекор ќе биде разводот – велат неименувани извори за американските таблоиди.
Друг проблем е што Ворен инсистира на чување на приватноста и не сака неговото дете да зборува за својата сексуалност, но тоа не му значи ништо на Стефан кој е активист во борбата за правата на трансродните лица.