Мистеријата за џиновското око кое што неодамна беше пронајдено на плажите во Флорида, е разрешена!
Научниците тврдат дека тоа е најверојатно од вид на рибата сабјарка, но ќе бидат направени дополнителни истражувања кои треба да ја потврдат идентификацијата.
Џоан Херера, научник од “Fish and Wildlife Conservation Commission” на Флорида, врз база на округлите траги видливи на окото, утврдила дека окото било извадено од рибата од страна на рибар.
Окото, кое што е со големина на ракометна топка, го пронајде рибар на плажата Помпано. Како потенцијални “сопственици” на огромното око беа сабјарка, џиновската сипа, кит и ајкула.