Се роди бебе со 31 прст (ФОТО)


Момченце со 15 прсти на рацете и 16 на нозете се роди во Кина. На секоја рака тоа има две дланки, но нема палци, соопштува CNN. Малиот Хонг Хонг бил роден во јануари во провинцијата Хунан. Дијагнозата на новороденчето е полидактилизам. Тоа е вродена болест која се јавува кај луѓе, кучиња и мачки.toe21-300x200

Карактеристично за болеста е присуството на повеќе прсти на рацете и нозете. Полидактилизмот е наследен, како што е и во случајот на Хонг-Хонг.
Мајка му има по 6 прсти на секој екстремитет. Аномалијата се лекува преку хируршка интервенција. Операцијата може да чини околу $ 30 000.
Семејството се обратила за помош на интернет и досега се собрани над $ 6000 од онлајн донации. Родителите одлучиле сепак да ја запрат онлајн иницијативата поради контроверзните коментари на интернет.

Ова момче со 31 прст го сруши и Гинисовиот рекорд кој до сега го држеше Девендра Сутхар од Гуџарата во Индија, кој е роден со 28 прсти,а тоа му овозможи влегување во Гинис.stolar-so-28-prsti

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1