Се самоуби 12-годишно девојче- родителите откриле дека гледала порно филм


Животот на 12- годишната Даша Л. завршил трагично откако нејзините родители ја фатиле дека гледа порно сајтови. Откако Даша видела дека нејзините родители откриле што таа гледала си го одзела животот со скок од 14- ти спрат од зградата во која живеела во Санкт Петербург.samo_thumb_medium500_282

„После смртта на ова девојче, нејзините родители ги читале нејзините разговори со пријателите и многу пораки биле со несоодветна содржина. Подигната е истрага за самоубиството и не се исклучува можноста за подигнување на тужба поради поттикнување на самоубиство“, навел извор од полицијата, пренесува Daily Mail.

По овој немил настан многумина ги обвинувале родителите.

„Требало мирно да разговараат со неа, ова е многу деликатна ситуација“, напишал еден корисник на социјалните мрежи.

Меѓутоа, многумина мислат дека порно сајтовите треба да се ограничат. „Осудувањето на детето поради неговото интересирање за порногарфија е лицемерие. Тоа е природно и нормално во овие години“, рекла Ана Портнова, детски психолог.

Таа додала дека родителите треба да бидат толерантни и да не покажуваат негативен став кон ова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1