Рам Синг (33), возач на автобусот во кој на 16 декември беше нападната младата жена, беше еден од шестмината обвинети во случајот.
Тој се обесил во затворската ќелија со својата облека.
За групното силување на 23-годишната индиска студентка во престолнината Њу Делхи се обвинети 6 лица.
Студентката почина во болница во Сингапур две недели откако беше силувана и тепана со метален стап, на враќање од кино со свој пријател, 28-годишен компјутерски инженер, кој беше тешко повреден.
Случајот ја потресе цела Индија и предизвика масовни протести со барања за сурови казни за силувачите. Петмина од обвинетите, кои се полнолетни, беа изведени пред специјален суд и може да бидат осудени на смрт.
Последниот, 17-годишен малолетен тинејџер, е суден одделно и може да добие казна до три години затвор.