Голема трагедија утринава ја потресе Србија откако се обеси полицаец кој е татко на три дечиња. 39-годишниот Ивица Спасиќ од Врање извршил самоубиство во семејната куќа.
Семејството на Ивица, неговата сопруга и најблиските роднини и пријатели не можат да веруваат што се случило.
– Беше на боледување поради повреда со која се здоби на раката додека беше на служба. Не беше нервозен, немаше проблеми, во саботата беше со свој колега на пазар…Не знам што се случи, вели таткото.
Тој го видел синот како оди кон тоалетот, а по десетина минути неговата снаа Татјана излегла од таму и почнала да вришти и плаче. Му рекла Ивица се обеси. Таткото вели дека сите се во болка и шок.
Засега не се познатио мотивите за самоубиството. Сите кои го познаваат Ивица велат дека бил вреден, добар човек и посветен сопруг и родител.