Шефот на одделението за човечки ресурси во една лондонска компанија се „исповедал“ на Твитер, дека на разговор за работа му дошол кандидат, кој неколку часа претходно во метрото, сочно го опцул.
Мет Бакленд се возел со метро кога покрај него поминал нервозен патник, го турнал ни почнал да го пцуе во преполниот вагон во понеделникот наутро.
„Мислам дека веруваше дека намерно му застанав на патот, а јас само пропуштав една жена да помине. Се симнавме на истата станица и ми рече да се е*ам, што е добра препорака, но не пред кафето“, се пошегувал Бакленд на кого животот му подготвил шега.
Тој пристигнал во фирмата и му кажале дека некој дошол на интервју за работа и нели, погодувате – тоа бил истиот човек што го опцул во метрото. Тој немал поим дека му се дере на шефот на човечки ресурси во фирмата во која тој конкурирал за работно место.
Кога оваа кармична случајност ја споделил на Твитер, тој твит бил споделуван речиси 20.000 пати.
„Карма, човекот кој ме турна во метро и ми рече да се е*ам, тукушто дојде на интервју за работа. Кај мене“, напишал Мет.
Несреќниот кандидат не сфатил веднаш со кого си има работа, а Мет го „боцкал“ со прашањата.
„Мислам дека му текна кој сум, затоа што сите прашања ми беа поврзани со метро“, напишал Мет. На крајот и обајцата слатко се изнасмеале на оваа случајност. Но, кандидатот не ја добил работата.