Се шири шуга во популарен скопски трговски центар


По жолтицата, Скопје летово доби и шуга! Додека во Скопје се шири заразата од болеста на нечисти раце, се погласни се информациите дека на крајот на летово меѓу граѓаните масовно е одомаќена шугата. Неколку од нив се јавија во редакција, велејќи дека веројатно ја закачиле во дуќаните пробувајќи облека и обувки на голо, пишува Вечер.

Тие, како што му посочиле на весникот, за ова лошо искуство причината ја лоцираат кај големите летни попусти, бидејќи имало редици по гардеробите за да се пробува. suga

Но, во здравствените институции за Вечер велат дека, веројатно, повеќето луѓе од срам не ни бараат лекарска помош, туку лекот на своја рака го купуваат во аптеките.  Од Скопската клиника за кожни и венерични болести посочиле дека две лица заразени од шуга минатата недела кај нив побарале лекарска помош. Според д-р Небојша Пешиќ, бидејќи се работи за кожно заболување кое се лекува амбулантски, точната бројка ја знаат нивните колеги коишто работат по поликлиниките.

Фармацевтите од скопските аптеки за весникот рекоа дека забележале оти оние што имаат проблеми со шуга од срам не се јавуваат на лекар, туку бараат од нив директно да им посочат каква терапија да користат и со што да се мачкаат. Некои од нив, пак, лекарска помош побарале по приватните специјалистички ординации.suga

Шугата е кожна преносна болест која ја предизвикува еден мал паразит што едвај може да се види со голо око. Таа се појавува на рачниот зглоб, меѓу прстите на рацете и нозете, пределот под пазувите, дебелото месо, околу папокот, појасот на полните органи кај мажите, а кај жените на дојките. Интересно е да се спомене дека на главата, вратот и на грбот шугата никогаш не се појавува. Паразитот најдобро вирее на топло време и токму тоа е причината што во овој период заразата побрзо се шири.

Шугата е болест којашто ја има кај одредени друштвени слоеви, меѓутоа, сепак, најмногу е присутна каде што нема добри хигиенски услови. Доколку таа не се лекува, може да се премине во гнојна фаза и да формира красти и егзема.  За лекувањето на шугата постојат многубројни и ефикасни средства и методи на лекување.

Доколку правилно се постапува по упатството на лекарите, шугата многу брзо се лекува, до една недела. Доколку едно лице од семејството е болно од шуга, треба да се провери дали болеста се раширила и кај останатите членови. Ако, пак, шугата се појави во поголем број, како што се интернатите, школите, фирмите, препорачливо е да се лекуваат и тие што немаат шуга.

Специјалистите на заболените од шуга, покрај лекувањето со терапија, им препорачуваат и повеќе совети. Пред да се употреби лекот лицето треба да се искапи со топла вода и сапун, како и да се измасира со остра крпа по целото тело. Лекот треба добро да се втрие на местото каде што паразитите најдолго се задржуваат. Облеката не е потребно да се менува за време на лекувањето.

Кога лекувањето ќе заврши, облеката да се испере на вриење, да се испегла со јака пегла и да се остави неколку дена да се проветрува.  Шугата се јавува и кај домашните животни како што е коњот, песот и мачката и тие може да ја пренесат на човекот, но овој вид на шуга на човечката кожа не живее долго и многу брзо угинува.

Извор – Вечер.мк

Обновено 

На написот на Вечер реагираа и од трговскиот центар Citymall еве што се вели во нивниот допис … 

Во текот на денешниот ден во весникот Вечер беше објавен текст со наслов “Шуга во скопските трговски центри!“, во кој се изнесени груби невистини и клевети според кои наводно граѓани се заразиле со шуга во дуќаните во трговскиот центар Сити Мол. Овие невистинити и злонамерни шпекулации беа веднаш демантирани од страна на Скопје Сити Мол со барање за извинување и итно повлекување на клеветничкиот текст.

Истото беше сторено и спрема сите интернет портали кои го превземаа и објавија овој клеветнички текст или се повикуваа на истиот, со најава за тужба заради надомест на штета која му се нанесува на угледот на трогвскиот центар Скопје Сити Мол од објавените груби невистини. Со оглед на тоа, ве повикуваме да не ги превземате и реобјавувате овие клеветничките текстови објавени во весникот Вечер и неколку интернет портали, бидејќи се работи за тенденциозно објавени лаги за кои од страна на трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе биде покрената постапка за утврдување одговорност и плаќање на штета спрема сите медиуми кои ќе ги објават споменатите невистини.

Нема шуга во Скопје и не може да се добие во бутик

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1