Се што ќе заплени царината место да се уништува ќе се даде на сиромашните


Стоката која отсега ќе биде запленета од страна на македонските цариници ќе оди во рацете на сиромашното и настрадано население

carinaЗапленетата стока на граничните премини нема повеќе да се уништува, туку ќе се пренаменува за социјално загрозените категории на население.

Ова го соопшти денеска владиниот порпарол Александар Ѓорѓиев.

– На последната седница Владата усвои измени во законот за постапување со царински добра кои се запленети во царинска постапка. Оние средства и материјални добра кои ќе бидат запленети, наместо да се уништуваат, ќе бидат демаркирани и ќе се доделуваат на лицата кои се загрозени од природни елементарни непогоди, изјави Ѓорѓиев.

Оваа идеја Владата ја добила по поплавите кои ја зафатија источна Македонија и во која настрада имотот на околу 831 семејства.

Прес 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1