Сè што треба да знаете за „Купи куќа за млади“: Како да аплицирате за проектот?


Преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа. Примањата треба да бидат до 900 евра за поединец или вкупен приход на брачните другари до 1300 евра. Најголем дел од популацијата во Македонија влегува во категоријата која може да се јави како баратели.

Младите можат да бираат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.kupi-kuka-640x344

Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80% од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50% од ратата. Пресметките покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување изградба или надградба на куќа.

Пример:

Субвенцијата за кредит од 50.000 евра изнесува 33.000 евра

Субвенцијата за кредит од 40.000 евра изнесува 28.000 евра

Субвенцијата за  кредит од 30.000 евра изнесува 20.000 евра.

Каматната стапка за првите три години е 3,95%, за четвртата и петата 4,44%, додека понатаму каматата ја утврдува банката, но не смее да биде повисока од другите станбени кредити кои ги нуди.

За вториот модел „Субвенција за учество“, Владата субвенционира 100 отсто од учеството од кредит (до 25% од земениот кредит) за купување на куќа. Средствата кои можат да се добијат преку овој модел се до 12.500 евра.

Пример:

Субвенција за учество за кредит од 50.000 евра изнесува 12.500 евра

Субвенција за учество за кредит од 40.000 евра изнесува 10.000 евра

Субвенција за учество за кредит од 30.000 евра изнесува 7.500 евра

 Она што е особена поволност за овој модел, велат надлежните, е тоа што каматната стапка е фиксна за цело време на отплата, односно изнесува 4,5 отсто плус 6 месечен ЕУРИБОР.

За да се аплицира за проектот треба да се исполнат следните услови

– Поеднинецот кој аплицира или еден од брачните сопружници треба да има до 35 години

– Месечната плата за поединец треба да биде ПОМАЛА од 900 евра, додека за брачни другари ПОМАЛИ од 1.300 евра

– Поединецот или брачниот пар не треба да има друга куќа или стан на свое име, или треба да се обврзат да го продадат за да аплицираат за проектот

– Рокот на отплата на станбениот кредит треба да биде од 20 години

– Апликантите треба да одговараат на критериумите за добивање станбен кредит пропишани од банката

Како да аплицирате за проектот „Купи куќа за млади“

Надлежните велат дека постапката за аплицирање за проектот е многу едноставна. Доколку граѓаните ги исполнуваат горенаведените услови, треба прво да најдат плац за изградба на куќа. Откако ќе најдат плац граѓаните треба да обезбедат изведбен и идеен проект – тука може да ги искористат поволностите кои ги нуди Министерството за транспорт и врски кои даваат бесплатен изведбен проект. Потоа треба да се обезбеди дозвола за градба од општината и да се склучи преддоговор со изведувач. По ова граѓаните треба да ги поднесат овие документи со барање за проектот до една од банките кои учествуваат во проектот: НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка, Стопанска банка Битола, Шпаркасе, Охридска банка, ТТК, Алфа и Прокредит банка.

Во случај на доградба или надградба на куќа, треба да се добие согласност од сопственикот на куќата која се надградува или доградува, а потоа постапката е иста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1