Се скарав со Аркан, а не ни знаев дека е тој


Фолк легендата Мирослав Илиќ, кој во Скопје на 29 ноември во Арената „Борис Трајковски“ ќе одржи голем, заеднички концерт со помладиот колега Адил, признал дека успеал да ја зачува традицијата на фолкот, иако денешните трендови малку го подзапирале.

miroslav ilic

„Мило ми е луѓето, особено младите ме препознаваат по песните и емоцијата, што ми влева надеж дека не отишло се поѓаволите кога е овој вид на музика во прашање. Во еден момент имаше опасност да биде заборавена. Меѓутоа гледам дека старите песни се повеќе се враќаат“, вели Илиќ, кој Горан Бреговиќ го идентификувал како главен виновник за пореметувањата во фолкот затоа што тој прв почнал да кокетира со народњаците.

Славејот од Мрчаевци, како што го нарекуваат, признава дека на времето сакал и да џапне, што неколку пати му направило и непријатни ситуации.

„Сакав коњак. Сакав и добра лута, домашна. Една вечер загреан дојдов во „Дуга„ и тука уште малку додадов. Не знам што точно се случувало, но се сеќавам дека отидов во некое сепаре во ќош, набрзо некое момче со бесен израз на лицето дојде и седна наспроти мене, и така ме тресна што ги изброив сите ѕвезди. Неколку месеци подоцна дознав дека тоа бил Аркан, кој потоа преку пријатели ми испратил поздрав да намалам со алкохолот затоа што сум друга личност кога ќе се напијам“, рекол Илиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1