Се степале осум лица во кафуле во Скопје – настрадало 16-годишно девојче


Синоќа во 22.40 часот во Скопје на булевар „ Партизански Одреди“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир во кое учествувале осум непознати лица од кои пет од едната и три лица од другата страна.bar-tepacka-1-1100x619-55818

По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови од инвентарот во угостителскиот објект.

Во тепачката со телесни повреди се здобиле едно шеснаесетгодишно девојче и М.Т. (21) од Прилеп. По нарушувањето сите инволвирани избегале од местото настанот. По извршени консултации со Јавен обвинител, настанот е квалификуван како кривично дело „насилство“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1