Два патнички авиони се судрија денеска на пистата на аеродромот во Мелбурн. Иако и двете летала се сериозно оштетени, никој од патниците не е повреден, соопштила аеродромската служба.
Сударот се случил откако авион Боинг 737 на Вирџин Острелија со 175 патници во него требало да полета за Марукидор и маневрирал по пистата, удрил во празен авион А320 на компанијата Џетстар.Според аеродромските власти, дел од крилото на Боингот на Вирџин било уништено, додека на А320 оштетен е задниот дел. Штетата е околу 2,75 милиони долари.
Штета се проценува на најмалку три милиони австралиски долари. Истрагата е во тек.