Денеска се навршуваат 25 години од крвавите студентски протести на плоштадот Тјенанмен во Кина. Демонстрантите велат дека властитего забрануваат споменот на овие протести. Образложението на официјален Пекинг е дека студентите правеле контрареволуција.
Мирните протести од четириесет дена преминале во жестоки судири, Владата наредила задушување на продемократското движење, се пукало во цивили, а точниот број на загинати не се знае ниту по 25 години.
Човекот кој пред 25 години застана пред колоната тенкови на пекиншкиот плоштад Тјенанмен остана симбол на мирниот протест и на пркос. Но по 25 години не се знае судбината на овој човек, кој на 5 јуни 1989 година, застана против насилството.
Џијанг бил збунет од прашањето и кусо одговорил дека не верува дека момчето е убиено.
По 25 години и друг кинески новинар се обидел да ја дознае судбината на овој човек, но и судбината на војникот кој го возел првиот тенк во колоната, кој одбил да го прегази. Обидите на новинарот завршиле безуспешно.