Се утврдува материјалната штета во Собранието


Во Собранието на Република Македонија денеска се работи на утврдување на материјалната штета и за ставање во функција на работните простории кои се надвор од употреба.pres-centar-32889239832

Собраниската служба за односи со јавност соопшти дека по вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета, и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ во која се одржуваат пленарните седници се надвор од употреба. Согласно законската регулатива надлежните институции преземаат чекори за нивно ставање во функција и утврдување на штетата, стои во соопштението.

– Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието, стои во соопштението.

Со оглед на тоа, се посочува во соопштението, денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија закажано за 11 часот нема да се одржи и за продолжението јаноста дополнително ќе биде известена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1