Се венчаа само за да може нивниот 2 год син кој умира од рак да биде кум на свадбата (Видео/Фото)


logan_4-500Двегодишно момче на кое лекарите му предвидуваат дека има само уште неколку недели живот беше кум на свадбата на неговите родители која се одржа во саботата.

Овој пар требаше да се венча во јули 2014-та година, но откако лекарите минатиот меец им соопштиле дека нивниот син има уште две до три недели живот решиле да забрзаат со церемонијата, затоа што сакаше тој да ги види венчани и да биде дел од семејните фотографии.

Овој пар ја круниса својата љубов со церемонија на отворено со што и формално ја означија нивната заедница и го прославија животот на Логан, за кој лекарите предвидуваат дека може да биде прекинат заради ракот.

logan_1-500

Кристин Свидорски го држеше Логан Стивенсон на нејзиното рамо за време на нејзината свадба во Џенет, предградие на Питсбург.

За време на 12 минутната церемонија во која Кристин Свидорски и Шон Стивенсон се заколнаа на вечна љубов малиот Логан беше заедно со неговата баба, Деби Стивенсон.

Малиот Логан боледува од леукемија и други заболувања.Ова мало дете беше подложено на трансплатација на матични клетки во 2012, а само неколку месеци подоцна му бил отстранет бубрегот заради рак.

Логан е роден на 22 октомври 2010 година, а набрзо по прославувањето на неговиот прв роденден лекарите му дијагностицирале акутна леукемија. Исто така тој пати и од редок вид на анемија која често предизвикува рак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1