Градоначалникот на полскиот град Гдањск, павел Адамович, кој синоќа е избоден со нож во пределот на срцето и стомакот додека стоел на бина, е во критична состојба, а во Гдањск во тек е акција за собирање на крв.
Лекарите нападнатиот градоначалник пет часа го оперирале, а еден од хирурзите рече дека Адамович има „критични рани во пределот на срцето, дијафрагмата и внатрешните органи“, пренесе агенцијата АП.
На Адамович му е потребно големо количество крв поради што денеска е покрената акција за собирање во Гдањск, а направен е и протест против насилството.
Гдањскиот бискуп, кој бил во болницата во текот на операцијата на градоначалникот, рекол дека се моли за „чудо“.
Адамович, е избоден вчера на бина, кога втрчал напаѓач со нож, во неделата навечер во текот на добротворен настан, по што градоначалникот само се фатил за стомак и паднал.
Осомничениот е уапсен.
Повеќе полски медиуми известија дека тој маж, откако го избодел Адамович, извикал дека се вика Стефан и дека бил во затвор, иако бил невин.
Адамович (53) е градоначалник на Гдањск, балтичкиот пристанишен град од 1998 година.
Тој е член на демократскат опозиција која настана во тој град по водстство на Лех Валенса во текот на 1980 година.
Откако ја напушти Граѓанската платформа, избран е повторно за шести мандат како независен кандидат.
Како градоначалник беше прогресивен.