Од Градот Скопје информираат дека ќе се гради современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15×15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана.
Станува збор за површинска фонтана, која нема корито и која кога не е во функција не зафаќа простор, односно, преку неа граѓаните ќе можат слободно да се движат. Слична фонтана веќе има во Прилеп но скопската ќе има дури 128 прскалки.
– За време на реконструкцијата, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“. На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот „Македонија“, ќе биде поставена коцка. На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите, клупите и кантите за отпадоци, стои во денешното соопштение од Град Скопје.