Се враќаат Кулу Леле


Панки и Роберт 10 години паузираа со нивната популарна поп група Куку Леле, но на иницијатива на продукцијата “Дрим Тим” наскоро оваа популарна група на радост на фановите ќе оживее.

Kuku_lele_kam-bek-300x199На 2-ри март годинава Панки и Роберт ќе настапат во дискотеката Колосеум и ќе потсетат на деновите кога беа неприкосновени во музичките води. “Точно е дека ке има концерт, на 16-ти фебруари на прес конференција која ќе се одржи во “Арабеска” ќе соопштиме која ни е идејата околу Куку Леле”, изјави менаџерот Ѓорѓи Галетановски – Чомбе. Водител на концертот предвидено е да биде популарната и единствена Лила Филиповска. Продукцијата тврди дека на концертот на Куку Леле ќе има и други изненадувања. И Панки за нашиот портал ги потврди информациите за концертот со порака дека е среќен што пак со Роберт ќе се вратат на музичката сцена.

извор – Музика24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1