Се враќале од Илинден – загинатото момче кај Охрид било лекар, неговата вереница е повредена


Фатално заврши илинденскиот викенд за младите свршеници, кои вчера си заминуваа од Охрид.

544791_3327817770777_1551830591_n29 годишниот Дарко од Прилеп, доктор по професија го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа околу 19 часот се случи на магистралниот пат Охрид- Кичево во близина на селото Ботун. Од силниот удар на возилото Пежо 206 , кое го управувал Дарко , тој починал на лице место. На тешките повреди на патот за болница му подлегнала и неговата 25 годишна пријателка Билјана од Тетово, фармацевт по професија, која седела на седиштето позади него, пишува Канал 5.

Со потрес на мозокот и скршеници , но надвор од животна опасност во болницата Свети Еразмо хоспитализирана е неговата вереница, исто така докторка од Тетово.

Сообраќајката се случила во момент кога возачот на пежото од засега непознати причини преминал на спротивната лента и дирекно се судрил со џип GMC, со американски ознаки во кој патувало семејство од Кичево.

Семејството од Кичево, родители со две деца, доаѓале на одмор во Охрид. За среќа тие поминале со мали повреди и ќе бидат пуштени на домашно лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1