Едно лице загина, а над 60 се повредени во сообраќајна несреќа, што утринава, околу 04:10 часот, се случи кај Бубањ Поток, на автопатот Ниш – Белград.
До несреќата дошло кога туристички автобус ја пробил заштитната ограда на патот и се превртел, пишува Телеграф.рс.
Повредените патници се префрлени во Ургентниот центар, ВМА, КБЦ Земун и Институтот за мајка и дете во Белград.
Сообраќајот на овој патен правец не е прекинат, но сепак отежнато се изведува.
Според портпаролката на Итната помош, Нада Мацура, 15 до 20 пациенти се тешко повредени.
Во автобусот, на враќање од летување во Грција, Полихроно, се наоѓале 86 патници.
Во автобусот се наоѓале цели семејства и многу мали деца.