Се занимавал со елитна проституција, а сакаше да бира Мис Македонија


Вчера досегашната организаторка на „Мис на Македонија“, Лидија Велковска, изјави дека нов организатор на изборот за девојка која ќе ја претставува Македонија на Мис на светот, ќе биде македонскиот бизнисмен Ристо Димовски, кој повеќе од четири децении живее и работи во Австралија.

Велковска изјави дека таа останува сопственик на лиценцата, но, се повлекува од организацискиот дел.

miss333

Денеска во ново соопштение Велковска повторно го промени мислењето.

– Новоформираната граѓанска иницијатива „Лицето на Македонија“ при Здружението на граѓани „Проинтегра“, за избор на претставничка на нашата земја на интернационалните избори „Miss World“, „Miss Earth“, „Miss International“, „Miss Unatied Nations“, „Miss Asia Pacific World“, за кои поседуваме лиценци, се оградува од изјавите на Ристо Димовски дека ќе ги „организира“ или дека ќе има какви и да е влијанија врз процесот на нашите избори.

biznismenot-elitnaa

 

Постои основан сомнеж дека тој ќе соработува и со агенции кои се занимаваат со елитна проституција, па според тоа, ние се оградуваме од соработката со овој австралиски бизнисмен.

Нашите кастинзи под раководство на компетентни и авторитетни личности се гаранција дека ќе се одберат квалитетни индивидуи кои достоинствено ќе ја претставуваат и афирмираат Република Македонија во светот, стои во соопштението на Лидија Велковска.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1