Се запали автобус полн со ученици на Стража


Автобус со скопски регистерски таблици кој утринава се движел кон Охрид, а управуван од К.М.(51) од Скопје се запалил околу 9:20 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Од полицијата информираат дека свтобусот се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници.

Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1