Се запали обвинителството – од цигара фрлена во корпа се запалила канцеларија


Помал пожар кој избувна во една од канцелариите во Основното јавно обвинителство во Скопје, предизвика паника меѓу вработените во новата зграда во центарот на Скопје.obvinitelstvo-skopje

На терен излегоа три возила на Противпожарната единица, по што огнот беше ставен во контрола.

Како што потврдија од полицијата, инцидентот се случил денеска околу 13 часот. Нема повредени ниту е причинета поголема материјална штета.

Од скопската Противпожарна единица ни рекоа дека причина за пожарот е отпушок од цигара фрлен во кошница за отпадоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1