Џенет Точко (96) и нејзиниот сопруг Александар Точко (95) се сакале целиот свој живот, а смртта ја дочекале токму така како што пред неколку децении се заколнале на вечна љубов, а нивната приказна која е достојна за една холивудска мелодрама, за телевизијата „Еј-би-си3 ја раскажа нивната ќерка Ема.
Џенет и Александар, двајцата родени во семејство на полски емигранти се запознале во 1927 година во Конектикат. Иако имале само по осум години се заветиле на вечна љубов. Се венчале во 1940 година и се до нивната смрт, која се случила минатиот месец, живееле во Сан Диего, Калифорнија.
– Нивните срца чукаа како едно – вели нивната ќерка Ема.
95-годишниот Александер и 96-годишната Џенет починале во растојание од неколку часа, прегрнати во кревет.
Александер, кој бил ветеран од втората светска војна, неодамна го скршил колкот, останал прикован за кревет. Како што здравјето забрзано му се влошувало, така и Џенет се повеќе слабеела.
– Секогаш велеа дека ќе починат во својот кревет, прегрнати – раскажала Ема, а нивната желба им се исполнила. Александар починал на 17 јуни, а Џенет следниот ден.
– Кога и кажав на мојата мајка дека татко ми почина, таа го прегрна и кажа:
– Ете гледаш, како што сакаше, почина во моите раце, а јас те сакам. Чекај ме, јас наскоро ќе бидам таму – раскажала Ема.
За помалку од 24 часа и Џенет починала. Само неколку дена претходно прославиле 75 години брак.