Се затвораат сите гранични премини и аеродромот во Скопје


Македонија ги затвора сите гранични премини плус аеродромот во Скопје. Ова, меѓудругото, се одлуките што ги соопштија министерот за здравство Венко Филипче и на министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференција по вечерашната владина седница.

Вечерва владата одлучи да се затворат сите гранични премини за премин на странски државјани освен за влез и транзит на товарни возила и дипломатскиот кор за кој МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од кризниот штаб кој ќе потврди дека има посебен интерес. Овие товарни возила ќе влезат во согласност со протоколот за заштита. Се затвора и меѓународниот аеродром во Скопје освен за државни, воено-карго летови, истакна на вечерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1