Презентерот на вестите на Канал 5 Борислав Тноковски ќе се жени во мај. Тоа денеска го објави новинарот на Канал 5 и колумнист во Република Горан Момироски во живо во вестите во 18 часот.
Пред почетокот на разговор на тема „Сто години од Букурешкито договор “ , во студиото Момироски му ја честиташе веридбата на Тноковски со неговата девојка Наташа со која е заедно неколку години и му посака среќа во брачните води.
Изненадениот Тноковски потврди дека за месец мај е закажана свадбената церемонија.
Тноковски кој е од Битола е еден од најталентираните македонски спикери а меѓу колегите важи за одличен познавач на македонскиот, францускиот и шпанскиот јазик. Малкумина знаат дека тој е еден од презентерите кои имаат фантастичен глас кој е дополнет со музичко образование.
Неговата избраничка е Наташа Ѓорѓиевска дипломиран психолог од Охрид.
ЧЕСТИТКИ БОРЧЕ И ОД ЕКИПАТА НА МКnews.MK ДА СТЕ ВЕЧНИ И ВЉУБЕНИ 🙂
Извор – Република