Популарниот турски актер Бурак Озџивит освои многу женски срца со улогата на Бали Бег во серијата „Сулејман Величествениот“, а сега локалните медиуми ја најавија и неговата венчавка.
Бурак и неговата колешка Фахрие Евсен ќе се венчаат следната година во лето. Веста како бомба одекна во турските медиуми, а тие двајца се уште не ја потврдија.
Славните актери својот љубовен живот го чуваат далеку од очите на јавноста. Во последно време папараците повеќе пати ги ловеа заедно и со задоволство ги објавуваа нивните фотографии.
Добро упатените извори тврдат дека тие двајца веќе капарисале вила во мирниот дел на Истанбул и токму таму планираат да го започнат својот брачен живот.