Седумгодишно девојче им побегна на родителите и се качи во авион


Седумгодишно девојче им побегнало на родителите недалеку од главната железничка станица во Женева, се качила во воз кој одел кон женевскиот аеродром и влегла во авион иако немала билет.

Родителите веднаш ја алармирале швајцарската полиција, која го следела нејзиното бегство со помош на безбедносни видео-камери, соопшти портпаролот на аеродромот Бертранд Стемпфли.

Младата авантуристка успеала незабележано да мине покрај вработените на безбедносната проверка, а потоа се стопила со мноштвото патници на патот кон авионот, преправајќи се дека ги бара своите родители.

Таа успеала да влезе во авионот, каде ја забележала и запрела стјуардесата и после неколку поставени прашања ја предала на аеродромското обезбедување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1