Седумкатна зграда се урна во Истанбул, во квартот Бахчелиевлер, откако беше евакуирана поради опасност од уривање, јавија турски медиуми.
Зградата се навалила на едната страна по ископувањата, кои се вршеле на улицата. Освен проблематичната зграда евакурани биле и други станбени објекти во регионот, кој бил блокиран од полицијата.
Само еден час по евакуацијата на станарите, кои панично го напуштиле објектот, зградата се урнала. Под урнатините останала машината за вршење ископувања. Нанесена е материјална штета и на шесткатен објект, до зградата.
Облак од прав се проширил наоколу при уривањето на зградата изградена пред 18 години, во која имало 14 апартмани.