Седумнаесет години од масакрот на македонските бранители кај Вејце


Денеска навршуваат седумнаесет години од масакрот на македонските бранители кај Вејце. Од заседа беа свирепо убиени осуммина припадници на безбедносните сили.

Делегации се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на битолската полиција, неколку спомен обележја како и на нивните вечни почивалишта во неколку градови во земјава.

Масакрот во 2001 го извршија припадници на ОНА, во период кога сите воени дејства беа прекинати. Комбинирана патрола од 16 припадници на безбедносните сили, осуммина од единицата „волци“ и осуммина од посебната единица на СВР Битола, тргнала на задача од касарната во Тетово во четири возила. Откако патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина од три страни била нападната од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје.

По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца живи биле запалени. Роднините со години бараат одговорност за злосторството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1