Сефер Цаноски се разведе од ќерката на Велија, Лејла – веќе има нова свршеница, ќе се жени годинава


Разделба помеѓу синот на Фијат Цаноски, Сефер и сопругата Лејла, ќерка на Велија Рамковски. Тие беа во брак речиси една деценија и имаат две деца. Веста за разводот за „Репортер“ ја потврдил Сефер.

– Пред една година се разделивме со Лејла со заеднички договор. Среќен сум што останавме во одлични односи со фамилија Рамковски. Имаме две прекрасни деца заедно и тие ни се во фокусот на вниманието, изјавил Сефер.

Тој потврдил и дека има нова свршеница, Сезен Баш, која е Германка со турско потекло, и со која годинава планираат свадба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1