Сега дури откриваат: Еден од најпопуларните пестициди во светот предизвикува рак


Еден од најпопуларните пестициди во светот, кoj широко се користи во САД, веројатно предизвикува рак, смета Светската здравствена организација, пишува „Independent“.

Заводот за борба против ракот на СЗО објави дека препарат „раундап“, произведен од компанијата „Монсанто“, содржи активни состојки кои се „класифицирани како веројатно канцерогени за луѓето“.monsanto

Градинарите- аматери, како и професионалните фармери се предупредени да „размислуваат многу внимателно“ пред  употреба на хербициди.

Според извештајот на СЗО, супстанцијата глифосат што се содржи во препаратот е „веројатно канцерогена за луѓето“, освен тоа постојат „ограничени докази“.

Од „Монсанто“ велат дека податоците на научниците не ги поддржуваат заклучоците во извештајот на СЗО и повикаа на итен состанок со цел објаснување на откритијата.

Повеќе на – StopGMO.mk

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1