Досега кога нешто не ни се допаѓаше, на друштвените мрежи, како што се Facebook, Twitter, Instagram, не постоеше алтернатива на опцијата „like“. Но, Џејк Бенкс, верува дека like-от ги прави луѓето да се позитивни и повеќе од тоа што тие се во природата, не давајќи им можност да бидат тие свои, па затоа и ја создал новата социјална мрежа „Hater“.
На оваа социјална мрежа, корисниците можат да споделуваат сè што не сакаат, а моментално истата е достапна само за корисниците на мобилните телефони.
„ Ова е мојот одговор на сè што се случува на другите социјални мрежи, каде што единствено нешто што можете да правите на нив е да like-нувате. Не сакам да бидам нешто што навистина не сум, сакам да бидам искрен и да кажам „заглавив во сообраќаен метеж и го мразам тоа“ – изјавил Бенкс за IT порталот Mashable.
Пред шест месеци решил да ја продаде својата компанија и да се посвети целосно на развивање на апликацијата која ќе биде лансирана во петок за iPhone, додека пак за корисниците на Android ќе биде достапна во следните неколку месеци.
Апликацијата функционира слично како Instagram. Луѓето можат да го сликаат и споделуваат тоа што не им се допаѓа или да коментираат како и да ставаат „палец надоле“ за објавите кои и на нив не им се допаѓаат.
„Hater“ ќе овозможува фотографии од портали или слики од албуми на нашите пријатели кои не ги сакаме од другите социјални мрежи да можеме да ги објавуваме преку „alter ego“, односно анонимно.
„На пример, вие седите на работа повеќе од 12 часа и на Facebook вашиот пријател од средно објавува фотографија во која тој е на плажа и ужива со најблиските. Имате можност да ја превземете фотографијата и да ја исхејтате колку што сакате без притоа да се открие вашиот идентитет“ рекол Бенкс.