Пит, кој е вработен во австралиското радио, од пред некој ден знае како им е на жените. Благодарение на славниот хипнотизер Питер Поверс, на свет “донесе невидливо бебе“.
Тој три минути се превртуваше од болки, а кога на свет “го донесе малото момче“, направи широка насмевка на лицето.
“Невидливото бебе“ дури се обиде и да го надои, но кога се врати во реалноста, колегите кои стоеја покрај него – си го добија своето.