Светски познатите компании „Гугл“, „Мајкрософт“, „Волво“, „Филипс“ и „Сименс“ се само дел од претпријатијата во кои работат Македонци, а некои од нив имаат изградено и успешна кариера и работат на некои од менаџерските позиции. Нивниот ангажман претставува гордост за Факултетот за електротехника и информациски технологии, а деканот Миле Станковски посочува дека ретко кој дипломиран студент има тешкотии при вработување, пишува Нова Македонија .
– Речиси не постои некоја позната светска компанија, и во неа да нема барем еден инженер што дипломирал на ФЕИТ. Голем број колеги работат во ИБМ, „Гугл“ „Мајкрософт“, „Интел“, „Дојче телеком“, „Боинг“, „Волво“, „Филипс“, „Сименс“ и други. Вратите на овие компании се отворени и за нашите почетници, а некои колеги имаат изградено успешни кариери и работат на врвни менаџерски позиции. За обележување е дека дипломите се признаени и прифатени во светот, што е резултат на квалитетот на знаење што го стекнуваат тука. Исто така голем број кадри што дипломирале тука се врвни научници низ светот. Некои од нив работат во истражувачките институти на големите компании, а не е за занемарување и бројот на професори на светските универзитети што дипломирале на ФЕИТ.
Наши некогашни студенти предаваат на Државниот универзитет во Аризона; на универзитетите во Јужна Каролина и во Ричмонд, САД; на универзитетот „Kалмерс“ во Шведска; на универзитетите во Алборг, Данска; во Делфт, Холандија; во Ланкастер, Велика Британија, и други. Голем број студенти се на магистерски и докторски студии на најпознатите европски и американски универзитети и без проблем добиваат стипендии. Стотина студенти во овој период се на докторски студии и постдокторски престои на познатите универзитети низ Европа, Америка и Јапонија, вели Станковски
Целото интервју на – Нова Македонија