Сеќавање на 8 Септември 1991: Мијалков и Наумов едвај го убедија Глигоров да дојде на бината


Милан Талевски бил претседател на Собранието на Град Скопје во референдумската 1991 година или човекот со црна коса, очила и мустаќи од фотографиите кој наздравува на бината на градскиот плоштад. Еден од најзаслужните за спонтаната организација на прославата на плоштадот, човекот кој го донесе виното и чашите од кои дел од тогашна политичка елита наздрави за независноста на Македонија. Инсистирал тоа да биде македонско вино.nezavisnost-kiro

-Вечерта, односно дента на прогласувањето на самостојна и суверена Македонија на градскиот плоштад имаше голема свеченост, голема веселба, еден голем ентузијазам. И сега кога зборувам, како да го доживувам тој момент. Едноставно, таа вечер е неповторлива, таа возбуда… Имаше многу луѓе на плоштадот. Можеби и повеќе од 30 илјади луѓе, но кој го гледал тоа, и кој броел тогаш… Во тој историски момент мореше некако да се снаоѓаме, бидејќи немаше никаков протокол, со возбуда раскажува Талевски во интервју за Прес24.

Талевски вели дека воопшто немало организација ниту ако биде ниту ако не биде поволен резултатот од референдумот. Околу 17 часот веќе имало опипливи резултати од излезеноста на граѓаните. Договорот бил да се сумираат резултатите од Скопје, кое тогаш имало пет општини и Градот Скопје, и Талевски да ги соопшти.

-Првите резултати ги имав веќе околу 22.40 и тие беа соопштени на една репортажна кола на „Македонското радио“, лево од бината. Потоа кога се качивме на бината, целиот републички врв дојде од страната на „Метропол“. Пред 20, или 20 часот и 30 минути имаше многу малку луѓе на плоштадот затоа што се правеше бината. Мирко Стефановски, одговорен за културно-просветната заедница на Град Скопје доби упатства. Во таа работа беше вклучен и Мартин Треневски, како одговорен на ниво на Републиката. Тогаш насоките беа набрзина да се направи една бина. Таа бина беше многу едноставно и набрзина направена. За два часа. Значи од 17 и некоја минута дадена задача, бидејќи ние не знаевме ништо, ниту дали ќе помине и што ќе биде со референдумот, особено што имаше и дилеми кај луѓето, но народот си го кажа своето. И тогаш се направи таа бина без некој посебен протокол, ние тоа воопшто не го подготвуваме.

Без сценарио, народот почнал да се собира и да пее, а потоа на бината се качиле и првите изведувачи, кои се изделиле од народот и дале свој придонес во прославата. Првите политичари дошле околу 23 часот. Потоа претседателот на Републичката изборна комисија, Коневски почнал да ги чита резултатите.slika_3-520x291

Сепак, многу политичари од државниот врв не биле на бината таа вечер.

-Па погледнете ги сликите и ќе видите колку вкупно функционери има. Колку што јас знам, Мијалков, министерот Мијалков и министерот Наумов, со заеднички сили го убедиле претседателот Киро Глигоров да се појави на бината… Тој сепак е претседател на држава и тој мораше да излезе и да го соопшти тоа. Јас тогаш не видов никој друг од оној политички блок, не беше ни Андов, кој тогаш беше претседател на Собранието, но никој за тоа тогаш не мислеше… Во таа еуфорија важно беше да заврши чинот и сето тоа да се прогласи до 23 часот и 59 минути за да не не фати 9 септември, денот на ослободување на источните комшии… Ентузијазмот, еланот, желбата на граѓаните за независност на Македонија стана реалност. Искрено, тој резултат сите ние потајно го очекувавме…nezavisnost-proslava

Откако претседателот Глигоров кажал „Нека ни е честита суверена и независна Македонија“, започнала прославата со вино за наздравување.

-Двете шишиња шампањско од десната страна беа донесени од Метропол, а јас од другата страна донесов едно или две шишиња „Повардарски бисер“ за да наздравиме… Тоа шише се гледа во рацете на Ченто… Со македонско вино, „Повардарски бисер“, се славеше независноста, а шампањското што го отвори претседателот на Владата Никола Ќусев, беше отворено, но тоа остана долу, а чашите кои беа наполнети, осум вкупно на број, се наполнети со „Повардарски бисер“. Сето тоа со чашите и виното го организирав јас лично… едноставно е. Каде и да одите во една таква еуфорија знаете дека ќе се случи нешто и секако ќе се наздравува…

Целото интерву прочитајте го на ЛИНКОТ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1